|
Article in other languages:
|
Соломонските Острови (англиски: Solomon Islands) се нација во Меланезија, источно од Папуа Нова Гвинеја и содржи околу илјада острови.Заедно тие покриваат површина од 28,400 километри квадратни. Главниот град е Хонијара, лоциран на островот Гвадалканал. За Соломонските Острови се смета дека се населени од меланезиски народ илјадници години. Обединетото Кралство основало протекторат врз Соломонските Острови во 1890 години. Некои од најгорчливите битки за време на втората светска војна се одвивале на Соломонските Острови од 1942 до 1945 година, вклучувајќи ја и Битката за Гвадалканал. Самоуправувачка влада беше основана во 1976 година и независност после две години подоцна. Државата е дел од Комонвелтот на Нациите. Од времето на етничката војна во 1998 година, криминалот ја разниша стабилноста и граѓанското општество на Соломонските Острови. Во јуни 2003 година мултинационални сили предводени од Австралија и Регионалната асистенционална мисија на Соломонските Острови приостигаат и го враќаат мирот во државата. Северните Соломонски острови се поделени помеѓу Независни Соломонски Острови и провинцијата Бугенвил во Папуа Нова Гвинеја.
ИсторијаИсторичарите тврдат дека папуанско население започнало да се населува на островите во 30.000 п.н.е. Австронезиски народи дошле на островите во 4.000 п.н.е. и при тоа донеле културни елементи карактеристични за тие народи. Во периодот од 1.200 до 800 п.н.е. започнале да доаѓаат полинезиски народи, особено народот Лапита. Првиот европски што ги открил островите бил шпанецот Алваро де Мендоња де Неира кој дошол од Перу во 1568. Мисионери започнале да ги посетуваат островите во 19 век. Британија објавила протекторат на јужниот дел од островите во 1893 и со тоа се ставиле темелите на Британскиот протекторат на Соломоновите Острови. Со крајот на Втората светска војна, британската колонизаторска власт повторно се зајакнала на државата. Покасно се оформило движењето „Масина Руру“ кое дејствувало на сите острови, но по извесен период главните водачи биле притворени. Како и да, Соломоновите Острови на 2 јануари 1976 година се стекнале со самоуправување и на 7 јули 1978 година прогласиле независност. Географија и климаСоломоновите Острови се архипелаг кој се наоша источно од Папуа Нова Гвинеја. Оддалеченоста на најисточниот и најзападниот остров во архипелагот е 1.500 километри. Островите Санта Круз се сместени северно од Вануату и се оддалечени повеќе од 200 километри. Бугенвил е географски дел на Соломоновите Острови, но политички е дел од Папуа Нова Гвинеја. Климата на Соломоновите Острови е топла со просечна годишна температура од 27 °C. Од јуни до август е најладниот период додека пак од ноември до април се врнежливите сезони. Политички системСоломоновите Острови се уставна монархија и имаат парламентарен систем на владеење. Кралицата Елизабета II е монарх на Соломоновите Острови и на чело на државата. Нејзин претставник е генералниот гувернер на Соломоновите Острови и тој е избран од парламентот со мандат од пет години. Во Соломоновите Острови има парламент со 50 члена избрани за мандат од четири години, но парламентот може да се распушти ако за тоа се согласат мнозинството пратеници. На чело на владата е премиерот кој е избран од страна на парламентот. Административна поделбаДржавата е поделена на 10 административни региони, од кои 9 се покраини раководени од избрани покраински собранија, а 10- та е градот Хонијара раководен од Градскиот Совет на Хонијара.
ЕкономијаБНП на Соломоновите Острови е 600 долари по глава на жител и со тао ја прави државата помалку развиена. Повеќето од 75% од населението е вработено во рурален сектор и во рибарството. Повеќето индустриски продукти мора да бидат увезени од странство. Главниот извоз на Соломоновите Острови е дрвото и поради тоа во последно време соломоновите шуми се загрозени. Останати земјоделски производи на Соломоновите Острови се копрата и палмовото масло. Население, религија и јазикВо 2006 повеќето од населението на Соломоновите Острови се изјасниле како меланезици, односно околу 94.5%. Покрај нив има и микронезици со околу 1.2 % и полинезици со 3%. Има околу 74 јазици на Соломоновите Острови, но четири од нив се исчезнати. Официјален јазик на Соломоновите Острови е англискиот. РелигијаРелигијата во Соломонските Острови е околу 97 % Христијанство со следните доминантни цркви: Англиканска Црква 32 %, Католичка Црква 19 %, Јужноморската Евангелистичка Црква 17%, Седумдневна адвентистичка Црква 11,2 %, Обединета Црква во Папуа Нова Гвинеја и Соломонски Острови 10,3 %, Христијанска Братска Црква 2.4 % и други христијани 4,4 %. Останатите 2,9 % припаѓаат на локалните религиски верувања и други религии како што се Бахаи верувањето. КултураВо традиционалната култура на Соломонските Острови, обичаите на постарите луѓе се предаваат од една генерација врз друга за да се формираат духовните вредности на Соломонската култура и традиција. Најпопуларниот спорт во Цоломонските Острови е Крикет. Радиото е највлијателниот медиум во Соломонските Острови заедно со јазичните различности и неписменост. РеференциНадворешни врски
Видете исто така
Questions for article: |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.
IHS Europe: Infrared Heating Systems for Home and Business.