Нов Зеланд

Article in other languages:

Нов Зеланд
New Zealand
Aotearoa
Знаме на Нов Зеланд Грб на Нов Зеланд
Знаме Грб
Парола: Нема. Некогашна: „Напред“
Химна: Боже брани го Нов Зеланд
Боже чувај ја кралицата1
Локација на Нов Зеланд
Главен град Велингтон
41°17′ Ј 174°47′ И
Најголем град Окленд
Официјални јазици англиски, маорски, новозеландски јазик за глувонеми
Влада Уставна монархија
Кралицата Елизабета II
Ананд Сатјананд
Џон Ки
Независност
(Од О.К.)
26 септември , 1907
Површина
 - Вкупна
 
 - Водна (%)
 
268,680 км² (74-ти)
103,738 sq mi 
2.1%
Население
 - јули 2005 приб.
 - По попис од 2001
 - Густина
 
4,035,461 (124-ти)
3,737,277
15/км² (163-ти)
39/sq mi 
БДП
 - Вкупен
 - По глава на жител
2005
$97.39 милијарди (59-ти)
$ 24,100 (41-ви)
ИЧР (2003) 0.933 (19-ти) –
Валута Новозеландски долар
(NZD)
Временска зона
 - Лето (Летно време)
НЗСВ2 (КУВ+12)
НЗЛВ (окт-март) (КУВ+13)
Интернет код .nz
Телефонски код +64
1„Боже чувај ја кралицата“ е официјално химна на земјата, но во практика ретко се пее [1]
2 Четемските острови се пред Новозеландското време за 45 мин.

Нов Зеланд (англиски: New Zealand, маорски: Aotearoa) е островска држава во југозападниот дел од Тихиот Океан. Државата се состои од два големи и повеќе мали острови. Маорското име за Нов Зеланд е Аотеароа (/aoˌteaˈroa/), што често се преведува како „Земја на долгиот бел облак“. Нов Зеланд е држава со парламентарна демократија и земја членка на Комонвелтот.

Содржина

Етимологија

Денес не е познато дали маорите ја нарекувале целата држава со денешното маорско име, бидејќи Северниот Остров го нарекуваат Те Ика а Мауи (Te Ika a Māui или Рибата на Мауи), додека Јужниот Остров го нарекуваат Те Ваи Поунаму (Te Wai Pounamu или Водите на зелениот камен) или со другото име Те Вака о Аораки (Te Waka o Aoraki или кану на Аораки). Сè до 20 век, Северниот Остров се нарекувал Аотеароа или во превод „земја на долгиот бел облак“, додека денес тој назив се користи кај маорите за целата држава Нов Зеланд.

Првото европско име за Нов Зеланд било Штатен Ланд (Staten Landt), име кое било дадено од холандскиот истражувач Абел Тасман кој во 1642 година бил првиот европеец кој ги посетил островите. Покасно името било променето во Нов Зеланд (Nova Zeelandia) по холандската покраина Зеланд.

Историја

Главна статија: Историја на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е една од најскорешните големи копнени маси кои биле населени. Првите доселеници биле источните полинезијци, најверојатно во повеќе миграциски бранови пред 700 или 2000 години. Овие доселеници развиле своја култура и нација- Маори. Нацијата биле поделена на племиња и потплемиња.

Првите европски доселеници кои дошле во Нов Зеланд биле холандскиот морепловец Абел Јансон Тасман и неговиот екипаж во 1642. Покасно на островите дошол и британскиот морепловец Џејмс Кук во 1768/1771.

Покасно Нов Зеланд бил дел од Британската Империја, поточно бил дел од пацифичката колонија тогаш позната како Нов Јужен Велс. Во 1840 година, Нов Зеланд станал посебна колонија.

Географија и клима

Главна статија: Географија на Нов Зеланд.
Главна статија: Клима на Нов Зеланд.
Топографска карта на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е составен од два големи острови, Северен Остров и Јужен Остров или Те Лка и Те Ваи поунаму, и од поголем број мали острови. Куковиот проток ги дели двата големи острови и е долг 20 км. Вкупната површина на Нов Зеланд е 268.680 км квадратни. Државата се протега 1600 км во должина и има брег од 15.134 километри.

Јужниот Остров е најголемиот остров во Нов Зеланд и највисокиот врв е Кукова Планина (Аораки) со 3754 метри. Највисока планина на Северниот Остров е Руапеху со 2797 метри.

Политички систем

Главна статија: Политика на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е уставна монархија со парламентарна демократија. Иако нема кодифициран устав, Уставниот Акт од 1986 година ја врши улогата на устав во Нов Зеланд. Кралицата Елизабета II е на шеф на државата и е именувана како Кралица на Нов Зеланд. Таа во Нов Зеланд е претставена од страна на генералниот гувернер на Нов Зеланд, кој е назначен од кралицата со совет од премиерот. Моментален генерален гувернер на Нов Зеланд е Ананд Сатјананд.

Административна поделба

Нов Зеланд има 12 регионални совети кои ги претставуваат локалните региони на државно ниво. Покрај овие има и 57 областни совети и 16 градски совети.

Економија

Главна статија: Економија на Нов Зеланд.

Нов Зеланд има модерна, просперитетна и развиена економија со забележан БНП од 115.624 милијарди долари во 2008 година. Државата има висок стандард на живот со забележан БНП по глава на жител од 27.017 долари во 2008.

Според индексот на човеков развој, државата била рангирана на 20-то место во 2008 година.

Сервисниот сектор на Нов Зеланд е најголем економски сектор во земјата и сочинува околу 68.8% од БНП. Потоа следат производството со 26.9% и земјоделството со 4.3% од БНП.

Население, јазик и религија

Растот на населението на Нов Зеланд со предвидување до 2050.

Нов Зеланд има население од 4.3 милиони жители од кои 78% се изјасниле како припадници на некои од европските етнички групи. Европејците се познати под името Пакеха, но овој термин Маорите го користат и за сите луѓе што не се Маори. Повеќето од европејците се со британско или ирско потекло. Покрај нив има и значителен број на луѓе со холандско, германско, хрватско и македонско потекло.

Маорите се најголема етничка заедница што нема европско потекло и сочинуваат околу 14.6% од населението. 9.2% од населението се изјаснило дека има азиско потекло и 6.9% се изјасниле како припадници на некои од пацифичките нации.

Според пописот во 2006, христијанството е доминантна религија во Нов Зеланд со околу 55.6% од вкупното население. 34.7% се изјасниле дека немаат религија и 5% се изјасниле како останати религии.

До 1987 година англискиот јазик бил единствен официјален јазик во земјата, но во 1987 година маорскиот јазик станал официјален јазик покрај англискиот. Така околу 98% од населението во Нов Зеланд може да зборува англиски, додека 4.1 од населението знае маорски јазик. Најзборуван неофицијален јазик во Нов Зеланд е самоански јазик.

Култура во Нов Зеланд

Главна статија: Култура во Нов Зеланд.

Поголемиот дел од Новозеландската култура е со британско потекло. Покрај тоа влијание, има и американско, австралиско и маорско влијание кон културата во Нов Зеланд. Исто така има и азиски и останати полинезиски влијанија. Така во Нов Зеланд се одржува голем фестивал за Кинеската Нова Година и за Дивали.

Референци

Надворешни врски

Најдете повеќе за Нов Зеланд на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-Snorky.svg Вики универзитет
Влада
Општи информации
Друго
Патување


Видете исто така

Комонвелт Personal Flag of QEII.gif

Антигва и Барбуда | Австралија | Бахами | Бангладеш | Барбадос | Белизе | Боцвана | Брунеи | Вануату | Гамбија | Гана | Гвајана | Доминиканска Република | Замбија | Индија | Јамајка | Јужна Африка | Камерун | Канада | Кенија | Кипар | Кирибати | Лесото | Малави | Малезија | Малдиви | Малта | Маврициус | Мозамбик | Намибија | Науру | Нов Зеланд | Нигерија | Обединетото Кралство | Пакистан | Папуа Нова Гвинеја | Самоа | Свазиленд | Света Луција | Свети Винсент и Гренадини | Свети Китс и Невис | Сејшели | Сиера Леоне | Сингапур | Соломонови Острови | Танзанија | Тонга | Тринидад и Тобаго | Тувалу | Уганда | Фиџи | Шри Ланка


Островски групи во Полинезија

Австралски Острови | Валис и Футуна | Велигденски Остров | Гамбе | Кермадек | Кукови Острови | Лојални острови | Маркски Острови | Новозеландски Острови | Друштвени Острови | Питкернски Острови | Самоански Острови | Токелау | Тонгански Острови | Туамоту | Тувалу | Хавајски Острови

Questions for article: имиграција во нов зеланд, нов зеланд

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.


IHS Europe: Infrared Heating Systems for Home and Business.