Астрономија

Article in other languages:

Астрономијата е наука која се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела: планети, сателити, комети, астероиди ѕвезди и галаксии.

Галактика

Содржина

Историја

Главна статија: Историја на астрономијата

Некои позначајни настани од историјата на астрономијата се следниве:

335-323 година п.н.е. Аристотел, грчки природонаучник и филозоф ја поставил Земјата во центарот на вселената. Се до 16 век постоело верување дека тоа е навистина така;

137-145 година п.н.е. Птоломеј, грчки астроном во својата книга Алмагест ги забележал позициите на 1080 ѕвезди и ги поделил на 48 соѕвездија. Неговиот систем се задржал 1400 години;

1543 година Никола Коперник, полски астроном во својата книга „За движењето на небеските тела“ го поставува Сонцето во центарот на вселената;

1596 година Тихо Брахе, дански благородник го објавува својот голем каталог на ѕвезди составен помеѓу 1575 и 1595 година со точни позиции на 700 ѕвезди;

1608 година, првиот телескоп (веројатно за воени потреби), го пронаоѓа данскиот научник Ханс Зипершеј;

1609 година, движењето на планетите по елиптична патека го востановил германскиот астроном Јохан Кеплер и со тоа го урнал верувањето дека планетите се движат околу Сонцето по кружна патека;

1610 година, Галилео Галилеј, италијански научник ги открил сателитите на Јупитер, Млечниот Пат, Сончевите пеги и кратерите на Месечината;

1667 година, Исак Њутн, англиски научник го открива законот за гравитација кој управува со небесните тела, со што ги поставува темелите на современата астрономија;

1705 година, Едмунд Халеј, англиски астроном успешно го предвидува во 1758 година враќањето на кометата која по него го добила името;

1781 година Вилијам Хершел, англиски астроном го открил Уран и неговите четири сателити, како и двојните ѕвезди. Тврдел дека Сончевиот систем се движи низ системот на Млечниот Пат;

1846 година Јохан Гале го открил Нептун;

1849 година се снимени првите фотографии за ѕвезди на Хардвардската опсерваторија во САД;

1907 година Алберт Ајнштајн, германски физичар открива дека масата може да се претвори во енергија. Тоа довело теоријата дека Сонцето сјае поради спојувањето на атомите на водородот во хелиумот;

1919 година, хипотезата за ширење на вселената ја изнесел американскиот астроном Весто Слифер;

1929 година, американскиот астроном Едвин Хабл пронаоѓа цврсти докази за ширењето на вселената;

1930 година, откриен е Плутон од страна на американскиот астроном Клајд Томбоу;

1965 година, вселенско заднинско зрачење на ЗК го откриле Американците Арно Пензиас и Роберт Вилсон;

1967 година, првиот пулсар кој го открила Џослин Бел;

1986 година, вселенска сонда Џото ги испратила првите слики на јадро на комета;

1990 година Хабловиот вселенски телескоп е лансиран во орбитата;

2001 година најголемиот телескоп на светот, VLA;

Moon Dedal crater.jpg

Астрономски рекорди

Најниска опсерваторија- овој телескоп се наоѓа во рудникот Хоумстејк, 1.5 км под земјата во американската држава Јужна Дакота. Во него се набљудуваат ситни честички од вселената, неутрини, кои без проблеми минуваат низ Земјата. Нивното минување се следи со помош на голем резервоар исполнет со посебна течност.

Најголема параболична радио антена- има пречник од 305 метри а претставува дел одрадиотелескопот Аресибо. Изградена е во природното врталиште во ридовите на Порторико.

Најстарата сочувана опсерваторија е Чомсунг-Дае во местото Кјонџу, во Јужна Кореа, изградена околу 632 година.


Телескопи

Радиотелескоп во Ново Мексико

Рефракторски телескоп - Големата стаклена леќа( објектив) ја собира светлината од ѕвездите во лик кој се создава во центарот (окулар)го зголемува тој лик. Бидејќи во овој телескоп доаѓа до рефракција(прекршување) на светлината, затоа се нарекува рефракторски телескоп.

Рефлекторски телескоп - Тој не ја собира светлината со леќа, туку со закривено(параболично) огледало на дното на цевката а потоа го фокусира на малото огледало кое го свртува кон објективот. Полесно е да се направи големо огледало отколку голема леќа. Во денешно времеденешните најголеми телескопи се рефлекторските, со кои се набљудуваат и најоддалечените ѕвезди.

Камерата на Шмит - овој телескоп го пронашол естонскиот оптичар Бернард Шмит. Тоа е всушност рефлекторски телескоп со сферно огледалопри што пред огледалото се поставува посебна избрусена стаклена плоча. Таа ги поправа грешките на огледалото и со тоа овозможува снимање под многу жироок агол, што е многу важно при картирањето на небото.

Астрономски мерки

Светлосна година - тоа е растојание кое светлината го минува за една година. Со оваа единица се мерат големите растојанија, а изнесува 9461 милијарда километри. Светлината од галаксијата IC 4294 која денес ја гледаме, тргнала од својот извор пред 117 милиони години, кога на земјата шетале диносаурусите.

Паралакса - Доколку ја набљудуваме ѕвездата од двата краја на патеката на Земјата ќе забележиме дека ја сменила својата положба во однос на најоддалечените ѕвезди. Таа промена на аголот ја нарекуваме паралакса и со нејзина помош можеме да ја пресметаме оддалеченоста на секоја ѕвезда.

Светски опсерватории

- Кек опсерваторија, Хаваи, САД (4205 метри и 13,796 педи)

- Хејл опсерваторија, Калифорнија, САД (1706 метри и 5,597 педи)

- Випл опсерваторија, планина Хопкинс, САД ( 2600 метри и 8,530 педи)

- Кити Пик опсерваторија, Аризона, САД (2064 метри и 6,672 педи)

- ВЛА, Ново Мексико, САД (2124 метри и 6,968 педи)


Набљудувачки инструменти

На телескопите за набљудување на видливата светлина можат да се проучуваат само некои бранови должини кои доаѓаат од вселената. Телескопите кои фаќаат друѓи бранови должини од електромагнетниот спектар им овозможуваат на астрономите да создадат поцелосна слика за вселената.

Занимливости

Астронаутски костум

Вселенските костуми (скафандер) мора да бидат отпорни, за да го штитат астронаутот од ситните метероиди. Повеќето од нив имаат вграденосистеми за ладење, како и затемнети рефлектирачки визири кои ги штитат астронаутите од сјајот на Сонцето. Вселенските костуми на Земјата се многу тешки, но на вселената немаат тежина.

Вселенски рекорди

Најдолгиот престој( без прекинување) го остварил рускиот космонаут Валериј Пољаков,кој во вселенската станица Мир поминал 417 дена и 17 часа во периодот од јануари 1994 година до март 1995 година.

Првиот брачен пар во вселената биле Американците Марк Ли и Џуди Дејвис, на вселенскиот шатл Ендеавор во септември 1992 година.

Вселенска станица

Благодарејќи и на вселенската станица, астронаутите можат долго да живеат и работат во вселената. Научни опити, невозможни за на Земјата во вселената можат да траат со месеци па и со години. Станиците се големи за веднаш да се пренесат на вселената, па се составуваат од делови донесени од повеќе ракети.

  • 2009 година е прогласена за меѓународна година на астрономијата.[1]

Референци

Questions for article: астрологија, зрачење на небесните тела, eratosten, соѕвездија wikipedia

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.


IHS Europe: Infrared Heating Systems for Home and Business.